
БЕСПЛАТНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СЛОВЕНИЈА
Photo: Shutterstock
Значајна предност при изборот на Словенија како земја за образование е тоа што за повеќето програми не е потребен приемен испит. Учениците се запишуваат врз стекнатиот просек.
Исклучок се само некои уметнички програми, спорт и архитектура.
Предности на студирање во Словенија

Европска диплома признаена од земјите на ЕУ и САД

Настава на словенечки или англиски јазик

Квалитетни студии со фокус на практиката

Можности за вработување на студенти (до 40 часа неделно)

Нема приемни испити на повеќето програми

Бесплатно образование

Можност за упис веднаш по завршувањето на средното образование

Студентски бонуси
Високообразовни институции во Словенија

6 универзитети
49 виши школи

38 автономни
високообразовни институцииv

повеќе од 1500
студиски програми
Запишете се
Им помогнавме на повеќе од 1.000 студенти од различни земји да изберат специјалност и да се запишат на универзитети.
Заедно со вас ќе ги анализираме можностите за упис, ќе ги избереме студиските програми и факултетот, ќе ги подготвиме и доставуваме потребните документи, ќе ве запишеме на студии и ќе ви помогнеме да добиете дозвола за престој.
oд 2015
Во бизнисот сме од 2015 година
и постојано се развиваме
22
специјалисти за образование
во Европа
1750+
студенти, успешно
запишани на универзитети
и високите училишта
1550+
студентите ги завршија
нашите јазични
курсеви
Со соработка со нас добивате

ажурирани информации за уписите на универзитети во Европа

загарантиран упис во програма избрана со 2TM

целосна поддршка во текот на процесот на упис

поддршка за добивање дозвола за престој

внимателен однос кон секој клиент
Фази на соработка со нас


ја избираме образовната институција и програма со вас


ги проценуваме шансите за упис

поднесуваме пријави и документи до избраните универзитети


организираме јазични курсеви

ги решаваме административните прашања и го олеснуваме добивање
дозвола за престој и преселба во Словенија
Впечатоци од нашите клиенти

Очекувањата и впечатоците од студирањето во Република Словенија се многу добри и позитивни. Знам дека студирањето понекогаш може да биде тешко и напорно, но со упорност и работа се може да се постигне.
Република Словенија е организирана земја и има многу квалитетен образовен систем. Се надевам дека брзо ќе се прилагодам и не можам да дочекам да започне академската година.
Првите впечатоци од изучувањето на словенечкиот јазик се одлични и многу сум задоволен како се се одвива. Секој странски јазик е тежок и потребно е малку време за да го научите. Но кога ќе седне човек и ќе започне да учи, се е полесно. Курсот за изучување на словенечки јазик многу ми помага. Ние сме сериозни студенти а професорката Наташа е одлична и отворена за комуникација со сите. Им го препорачувам курсот на сите кои што сакаат да студираат во Република Словенија и убеден сум дека нема да зажалат.

Се радувам што ќе студирам во Република Словенија. За сега Република Словенија ги исполнува моите очекувања бидејќи е прекрасна земја за странски студенти. Како студент имате можност да работите преку студентскиот сервис. Професорите на факултетот се одлични и подготвени за работа со странски студенти. Имам многу пријатели кои студираат во Република Словенија и се многу задоволни од своите студии. Убеден сум дека ќе бидам задоволен од студентскиот живот тука.
Првите впечатоци од изучувањето на словенечкиот јазик се одлични. Многу сум задоволен од курсот. Професорката е супер, исто така и колегите. Многу разговараме и се консултираме за исправноста не некои зборови. Атмосферата е опуштена, сите се подготвени за работа и сконцентрирани. Словенечкиот јазик е многу интересен и не е тешко да се научи. На сите странски студенти им ги препорачувам курсевите за словенечки јазик и убеден сум дека ќе бидат задоволни.

Зошто се одлучивте за студирање во Словенија?
Затоа што Словенија нуди огромен број бенефиции за студенти и големи можности за понатамошен успех во наоѓањето работа или постдипломски студии.
Какви се вашите досегашни искуства со студиите во Словенија?
Досега сум задоволна од наставната програма, односот кон студентите, вклученоста на студентите во предавањата, дебатите и студентските организации.
Дали студирате на англиски или на словенечки јазик? Со какви јазични потешкотии се сретнувате во текот на студирањето?
Студирам на словенечки и самото студирање на странски јазик е предизвик.
Дали и зошто би ја препорачале 2ТМ?
2ТМ би ја препорачала заради коректниот однос кон клиентите, советите и информациите кои се корисни за секој студент и помошта при средувањето на документите за упис.

Сакам да ги споделам со вас моите импресии од првата година на студиите на IBS во Љубљана. Студирам на мастер програмата на IBS. Додипломските студии ги завршив во Москва.
Имам повеќе од 15 годишно искуство во оваа област и нејзините различни сфери: од банкарство, недвижности, банкроти и стечајни постапки, вклучувајќи и арбитража на суд, како и на приватни прашања од поединци.
Сакам да истакнам дека програмата на која студирам се покажа како многу интересна и повеќе е информативна и корисна отколку што очекував.
Промрамата ги содржи главните современи трендови во актуелниот светски развој.
Студентите ја осознаваат општата глобална слика која се пресликува директно на деловните субјекти, која што омозвожува примена на знаења преку свое лично искуство, преиспитување на резултатите од вашите активности и генерирање на размислувања за новите правци во развојот или проширување и зајакнување на постојаните.
Програмата е многу повеќе од практична. Според мене, таа му дава можност на секој приправник (било тоа да е бизнисмен, менаџер или само студент) кој завршил основни студии, да го прошири обемот на личните перцепции на светот, разбирањето на главните трендови и да ги разбере меѓусебните поврзаности на одредени феномени, кои ќе бидат корисни не само во професионална сфера, туку и во личниот живот, на пример при изборот на работодавачот.
Ќе бидам искрена со вас, бев изненадена и со начинот на кој се презентира материјата на студентите. Ни даваа информации, ни поднесуваа заклучоци, но тие не ни беа наметнати.
Итовремено, материјалот е претставен на таков начин да ве натера да размислувате и кај вас да предизвикува интерс и потреба за подлабока анализа на темата, како и одредени прашања или проблеми поврзани со неа. Без стереотипи. Студентите ја имаат целата слобода за сопствен развој.
Морам да потенцирам дека за време на студирањето нема „перење на мозокот“. Истотака нема антиреторика и агитација!
Неколу зборови за самата школа. Меѓународната бизнис школа е приватна образовна институција. Приватно значи дека нема строг начин на испитување.
Квалитетот на образованието за оваа иституција претставува углед. Заради тоа на испитот ќе добиете оцена во склад со вашето знаење, ни повеќе ни помалку. Итовремено, односот со студентите е одличен, но секако во рамки на деловната комуникација.
Најважно, студентите имаат наставен материјал на словенечки и на англиски јазик, така што, испитот можете да го полагате и на англиски јазик.
Се разбира, се што споменав погоре е мое лично мислење кое е базирано на сопствено искуство. Можеби на некого ќе му користи.
За моето запишување на IBS (Меѓународна бизнис школа) ја ангажирав фирмата 2ТМ. Со оглед на тоа дека не можев да дојдам во Словенија пред овој јануари, мојот прием на студиите беше доведен во прашање. Но, тимот на менаџери во 2ТМ одлично ја завршија својата работа.
Им ја објаснив мојата ситуација, можности, моите желби и моите планови за во иднина.
Ми помогнаа да ја изберам најпогодната студиска програма. Тие ги спроведоа сите неопходни преговори со образовната институција. Подоцна заедно ги разјаснивме сите работи. Во мое име тие го преземаа целиот материјал за студиите. Морам многу да надополнам, но тоа не е проблем, бидејќи се зависи само од мене. Фирмата 2тм ги направи сите организациски процедури и тоа го направија совршено! Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во фирмата. Селењето итотака не беше лесно за мене.
Многу е важно кога оваква работа можете да им ја доверите на стучни лица.

Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?
Да студирам во Република Словенија одлучив поради неколку причини. Секако прво ме привлече можноста за бесплатно студирање после што само продолжив да разгледувам и продолжив да наоѓам се повеќе и повеќе позитивни страни на студирањето во Република Словенија.

Зошто решивте да студирате во Словенија? Што е влијаеше на вашата одлука да студирате во Словенија?
Сметам дека Словенија има поорганизирана образовна програма од мојата земја и полесно го одбрав тоа што навистина ме интересира. На мојата одлука првенствено влијаеше пандемијата на вирусот и состојбата во земјата по неа. Мислам дека донесов вистинска одлука.
Во кое поле на студии успешно се запишавте? Колку сте задоволни од соработката со 2ТМ?
Јас се запишав на биоинформатика на англиски јазик. Ние сме презадоволни, топло ви ја препорачувам.
Зошто би ја препорачале 2ТМ?
2ТМ би ја препорачала затоа што организацијата, посветеноста и преданоста се на високо ниво, за каква било помош или сомнеж секогаш добив брз и детален одговор. Се најдобро.

Сите потребни информации за студирање во Словенија можете да ги добиете преку 2ТМ. Тие се навистина детални и точни. Оваа фирма им ја препорачувам на сите кои сакаат да студираат во Словенија.

Јас дипломирав на медицинскиот факултет при универзитетот во Нови Сад (Србија) на смерот „Медицинска рехабилитација“ и решив да го продолжам образованието во Словенија, каде што се запишав на магистерската програма „Кинезиологија“ на Универзитетит на Приморска во Копер. Работите се одвиваат супер, јас сум многу задоволен од факултетот и од односот на професорите кон мене. Мене посебно ми се допаѓа што професорите се отворени за комуникација, и во рамките на образовниот процес ни даваат можност да учествуваме во истражувања, кои што нас не интересираат. За работата на 2ТМ дознав од интернет. Тие ми ги обезбедија потребните информации за образовниот процес во Република Словенија и многу ми помогнаа при поднесувањето на документите. Тие се детални и имаат одговор на секое ваше прашање.

Претставниците од фирмата 2ТМ од Љубљана го посетија моето средно училиште во Добој (Босна и Херцеговина) и ги презентираа предностите на студирањето во Република Словенија за странските студенти. Тие ни раскажаа со што се занимаваат и какви услуги нудат. Мене најмногу ме привлече тоа што словенечките дипломи се признаени во целиот свет. И секако беше убаво да се слушне дека студирањето за нас е бесплатно.
На секој странски студент, кој што ќе реши да се стекне со образование во Република Словенија, му советувам да соработува со копмпанијата 2ТМ од многу проста причина, благодарејќи на нивната помош, јас и моето семејство не требаше да патуваме постојано до Љубљана и назад.
Специјалистите од 2ТМ ми ги обезбедија сите потребни информации и ми кажаа кои документи ќе треба да ги подготвам. Немаше потреба јас и моите родители да се занимаваме со дополнителни информации за целиот процес на запишување. Се беше едноставно, скенираните документи ги испратив по електронска пошта. За нас, странските студенти ова е одличен начин. Доколку се запишував сама, сигурна сум дека ќе морав да патувам неколку пати до Љубљана и назад. Сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на тимот на 2ТМ за се што направија за мене за тие шест месеци на взаемна соработка.

Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?
Се одлучив да студирам во Република Словенија поради одличниот образовен систем, којшто е далеку пред балканскиот систем.
Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?
Што се однесува до искуството, јас сеуште не можам да кажам нешто, со оглед на тоа што поминаа само три месеци откако сум тука, но во главно сум задоволна, има многу за пишување и учење што и требаше да се очекува.
Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со кои јазични проблеми се среќавате за време на студиите?
Студирам на словенечки јазик, а што се однесува до проблемите ги има многу, бидејќи како човек, којшто сега го учи словенечкиот јазик и се труди, секој ден наидувам на препреки за време на предавањето во смисла дека не секогаш разбирам апсолутно се од предавањата.
Зошто би ја препорачале агенцијата 2ТМ?
Агенцијата 2ТМ би ја препорачала, бидејќи навистина помагаат во текот на целиот процес на запишување и многу работи, коишто сами би морале да ги правите, притоа не знаете како да го направите тоа (управата од мојата земја многу често даваат и многу погрешни информации), ефикасни се, доста се брзи и спретни да одговорат на секој ваш имејл и на секое ваше прашање.

Зошто се одлучивте за студирање во Република Словенија?
Неколку години по ред планирав да се запишам на мастер студии надвор од границите на Република Србија од повеќе причини, но поради работата со која што се занимавав и која бараше доста време не успеав да се посветам на процесот за избор и за упис на програмите коишто ме интересираа.
Сестра ми ме информираше за компанијата 2ТМ и нивните активности. По запознавањето со нивната работа и репутација сфатив дека се вистинското решение на мојот проблем. Значи добрата репутација на образовниот систем и можност за упис со посредник беа пресудни за мојата одлука да се запишам на мастер студии во Република Словенија.
Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?
По првиот семестар на студии во Република Словенија можам да кажам дека програмската содржина и организацијата на факултетот ги надминаа моите очекувања. Покрај тоа Република Словенија навистина се грижи за своите студенти и навистина вложува во образовниот систем што се гледа од најразличните субвенции коишто им се одобрени на студентите (една од главните е субвенцијата за прехрана).
Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со кои јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?
Студиите се на словенечки јазик (предавањата и вежбите). На странските студенти им е овозможено да го слушаат воведното предавање од секој предмет и консултациите на англиски јазик. Тоа што е интересно е тоа што на професорите не им е толку важно на кој јазик ќе комуницирате со нив се додека го покажувате нивото на знаење коешто е за нив прифатливо и посакувано. Голем број на професори им излегуваат во пресрет на студентите од земјите од поранешна Југославија дозволувајќи им на почетокот комуникацијата да ја остварат и на некој од јазиците од тие земји. Слушањето на предавањата на словенечки јазик во првиот месец може да биде малку напорно. Во првите месеци од страна на факултетот имате организирано курсеви за изучување на почетен степен на словенечки јазик, што ви овозможува полесно да се прилагодите на ова говорно подрачје. Со текот на времето станува се полесно да се разбира и да се користи јазикот. Една од придобивките од студиите во Република Словенија е можноста да се совлада словенечкиот јазик.
Зошто би ја препорачале компанијата 2TM?
Моето искуство во соработката со компанијата 2TM е многу позитивно. Благодарение на нивното искуство и професионалната одговорност јас успеав да се запишам на програмата којашто ми беше прва желба. Ми ги обезбедија сите услови за запишување и престој во Република Словенија. Сигурна сум дека ако не се одлучив да соработувам со нив денес немаше да бидам запишана на мастер студии во Република Словенија.

Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?
За студирањето во Република Словенија се заинтересирав за време на моето образование во 2018 година, кога во Белград завршив четврта година гимназија, филолошка насока. Некако баш во октомври минатата година го посетив саемот за образование во мојот град и ги посетив просториите на компанијата 2 TM од.
Тука се распрашав детално за студирањето, добив конкретни одговори и тогаш веќе знаев дека сум заинтересирана за студирање на туризам. При изборот на студиската програма ми помогнаа моите родители, советувајќи ме дека Република Словенија е една од поранешните републики на нашата држава и дека најверојатно е многу полесно да се снајдам во Словенија отколку некаде во Европа. При сето тоа дипломата и условите за студирање се скоро исти како и европските. Република Србија сеуште не е дел од Европската Унија, а Република Словенија е полноправна членка и со самото тоа дипломата со која што ќе се стекнам е валидна во целиот свет.
Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?
Со студирање во Република Словенија започнав на 01-ви ноември 2019 година како редовна студентка на Факултетот за туризам во Порторож. Многу сум задоволна од квалитетот на образовниот систем, којшто нуди широк спектар на можности за напредок.
Предавањата овозможуваат да слушаме и да присуствуваме на предавањата на други професори, коишто доаѓаат од други земји и на многу интересен начин ни ги презентираат темите поврзани со туризмот.
Една од поинтересните работи се семинарските и теренските вежби, коишто ги имаме по групите. Групите се помали и ни овозможуваат да работиме во тим и да ја развиваме тимската работа.
Професорите на факултетот имаат доста разбирање за нас, странските студенти, многу се среќни кога ќе видат дека се трудиме и дека го совладуваме материјалот.
Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со какви јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?
Конкретно на мојата насока Туризам може да се студира само на словенечки јазик.
Знаејќи ја оваа работа, во текот на летото 2019 година посетував курс по словенечки јазик во училиштето за странски јазици Инфинитив во Белград и ги совладав основите на јазикот за почеток на студиите.
Покрај тоа морам да истакнам дека на првиот семестар од студирањето на странските студенти им е овозможено изучување на словенечкиот јазик на ниво А2, кое што не е задолжително но од моето искуство покрај основите, коишто ги научив во Белград, за време на овие часови на факултет научив многу нови зборови, коишто ми помагаат да го совладам материјалот. На сите би им го препорачала иако не е задолжително посетувањето на овој курс за изучување на словенечки јазик во првиот семестар наменет за странските студенти, коишто се почетници.
Зошто би ја препорачале агенцијата 2TM?
Агенцијата 2 TM и прекрасната Катја би им ги препорачала на сите, коишто сакаат да се запишат на студии во Република Словенија бидејќи тие на сите мои прашања имаа одговор. Многу се одговорни и професионални и се што е потребно прават наместо вас. Брзо и лесно се договоривме и влеговме во самата процедура за пријавување а подоцна и за запишување на факултет. Јас одбрав пакет, којшто овозможуваше по моето пристигнување во Порторож да ми помогнат да ги предадам документите за дозвола за престој. Тие навистина заслужуваат само пофалби!

Зошто решивте да студирате во Словенија? Што влијаеше на вашата одлука да студирате во Словенија?
Решив да студирам во Словенија заради можностите кои би ги имала после дипломирањето, заради квалитетот на студиите и добриот животен стандард во земјата. На мојата одлука влијаеше фактот дека студиите се бесплатни, тоа што има можности за студии на англиски јазик и тоа што имам слушнато многу убави впечатоци од луѓе кои претходно студирале таму.
Кој смер на студии успешно го запишавте? Колку сте задоволни од соработката со 2ТМ?
Јас запишав компјутерски науки и информатички технологии на ФАМНИТ во Копер. Јас сум многу задоволна! Тие ги имаа одговорите на сите мои прашања и секогаш беа ажурни. Тие ми помогнаа при изборот на факултетот и секогаш ми даваа зборови на поддршка.
Зошто би ја препорачале 2ТМ?
Бидејќи за мене лично, запишувањето на факултет не можеше да се реализира без нив. Тие ми го олеснаа запишувањето и овозможија безгрижно решение за сите проблеми со кои би се соочила доколку се запишував на факултет сама. Секогаш ми даваа максимална помош и многу сум ѕадоволна што избрав ваков пристап на упиз на студии.

Што влијаеше на одлуката за студирање во Република Словенија?
Моето дете изрази желба да го продолжи своето образование, но не во својата земја. Република Словенија од секогаш ми се допаѓала како една средена и културна земја па така во договор со детето се одлучивме за неа.
Што ве изненади пријатно во врска со студирањето и/или животот на вашето дете во Република Словенија?
Самостојноста пред се. И многу лесното прилагодување на новата земја, новата култура и обичаи. Исклучителната снаодливост и големата пристапност на сите во Република Словенија.
Зошто би ја препорачале компанијата 2TM?
Компанијата 2TM ја пронајдов сосема случајно на интернет кога пребарував информации за студирање во Република Словенија. Генерално тоа беше веб страната која што му обезбеди најмногу информации. Кога за прв пат стапив во контакт со вработените, бев пријатно изненадена од начинот на комуникација. Веќе на првиот контакт се ми беше одлично објаснето и тоа беше работата што ме наведе да склучам договор за понатамошна соработка. Компанијата е многу ажурна, води сметка за најситните детали и сите работи, коишто треба да се завршат се завршуваат на време. Навистина морам да го пофалам начинот на работа бидејќи навистина ми ги олесни сите работи, од собирањето на документи до самиот упис. Искрено да не беше оваа компанија, навистина не знам како ќе успеавме се сами да завршиме. Едно огромно благодарам од мене.

Нашите препораки за работа со 2ТМ се искрени и проткаени со најпозитивни искуства. Кога им кажуваме на нашите пријатели како помина процесот на упис, завршуваме со реченицата: „Не би успеале сами. Така, со помош на професионалци кои ни водеа низ целиот процес, се беше едноставно, лесно и без трошка стрес!
Ви благодариме што постоете!
Кога мојот син ми кажа за неговата желба да студира во Словенија, јас бев изненадена. По неговото објаснување зошто (можноста за бесплатни студии, добро организиран образовен систем во кој студентите – се високо ценети и имаат многу придобивки, диплома признаена во целиот свет. Како мајка, фактот дека Словенија е на врвот на листата на безбедни земји и релативно близу до Србија значеше многу. Како семејство, сите ние се заинтересиравме и почнавме да истражуваме. Организирана земја, културно слична на нашата, еколошката најсвесна земја во светот сигурно би можела да биде втор дом за нашиот син.
Пребарувајќи на интернет, дојдовме до агенцијата 2ТМ. На почетокот се појави сомнеж дали сме го направиле вистинскиот избор бидејќи иднината на нашето дете ја „оставаме“ во раце на луѓе кои не ги знаеме. Но, по неколку состаноци, бевме сигурни дека изборот е правилен. Воодушевени сме од професионалноста на сите вработени во агенцијата, оние со кои бевме во редовен контакт и оние кои беа „невидливи“ за нас, но и тие беа дел од тимот. Како мајка, ме мачеа многу сомнежи и „што, како, зошто“ и имав безброј прашања на кои соработниците од 2ТМ ми одговараа со голема брзина и со многу разбирање. Целата атмосфера ги направи моите мајчински стравови на минимум бидејќи поддршката од 2ТМ беше феноменална.
Димитрије официјално стана студент по менаџмент на Универзитетот Приморска. Заедно стигнавме до целта. Нашата среќа искрено ја споделија вработените во 2ТМ. Димитрије сега учи словенечки јазик, тој е во процес на добивање дозвола за престој, се очекува да се пресели и да започне студентски живот, а сето тоа останува на 2ТМ, кое продолжува да го води.
Морам да нагласам дека сме многу среќни бидејќи целиот процес на упис (со голема помош на неверојатниот 2ТМ) го направивме од нашиот дом, без да одиме во Словенија. Заштедивме пари и време и се спасивме од процедурите воведени поради КОВИД 19.
Во следната студентска година, ќе имаме можност повторно да работиме со 2ТМ, бидејќи нашиот помал син, охрабрен од искуството на неговиот брат, одлучи да студира во Словенија.
Нашите препораки за работа со 2ТМ се искрени и проткаени со најпозитивни искуства. Кога им кажуваме на нашите пријатели како помина процесот на упис, завршуваме со реченицата: „Не би успеале сами. Така, со помош на професионалци кои ни водеа низ целиот процес, се беше едноставно, лесно и без трошка стрес!”

За студии во Словенија се одлучивме врз основа на препораките и позитивните искуства на пријатели чии деца се дипломирани студенти на словенечки универзитети.
Одлуката во голема мерка е под влијание на фактот дека преку програмите на словенечките универзитети препознавме соодветна грижа за студентите, квалитетен образовен систем и видовме голем потенцијал во тоа.
Се определивме за биоинформатика. Насоката на Биоинформатиката ја гледаме како окупација на иднината, што е многу слично на желбите и афинитетите на нашата ќерка. Студиите во Словенија се бесплатни, а студентската услуга нуди голем број придобивки за студентите.
Како мајка, јас сум крајно задоволна од соработката со 2ТМ. Првата средба со 2ТМ веб страната е исклучтелен, бидејќи страната обезбедува многу информации, а вработените во 2ТМ се исклучително пријателски и професионален тим. Ги имавме сите информации на време. Најзначајна ни беше проценката на желбите и можностите во врска со апликацијата на факултетите, како и други информации поврзани со подготовка на документација и поврзани со самата пандемиска состојба. Не осетивме никаков стрес околу уписот.
Како мајка која се разделува од својата ќерка 700 км, чувствувам помалку стрес благодарение на 2ТМ отколку да е ќерка ми на 70км на студии и од срце ја препорачувам соработката со 2ТМ агенцијата.

Поставив неколку прашања околу процедурата за добивање на студентска виза. Вработените во 2ТМ успеаа да ми одговорат во рок од еден саат. Добив одговор на сите мои прашања, ми дадоа неколку опции за секој чекор посебно и ми дадоа информации кои ниту во конзулатот на Република Словенија не ги знаеа.
Да знаев за нив пред да почнам да ги собирам потребните документи, немаше да размислувам да им ја препуштам целата работа ним. Тие толку го поедноставија целиот процес што буквално се што требаше да направам е да отпатувам во Словенија.
Апсолутно одлична фирма која им ја препорачувам на сите кои планираат да студираат во Словенија. Навистина нема да се грижите за ништо со нив.

Сега сум во втора година од студиите и можам да кажам дека направив правилен избор. Го изучувам тоа што го сакам, а тоа ми дава дополнителна мотивација. Голема предност на мојот смер е тоа што има рамномерна поделба на предавања и вежби, односно истовремено учење на теорија и пракса. Така ние студентите добиваме целосни знаења од различни области, сестран развој и високи квалификации, неопходни за европскиот пазар на трудот.

Зошто се одлучивте за студирање во Република Словенија?
Сакав да студирам надвор од мојата земја но сепак тоа да биде близу.
Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?
Одлично, потполно различно искуство отколку во мојата земја.
Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со какви јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?
Студирам на словенечки јазик, а исто така имам можност да полагам некои испити и на англиски јазик. Пред да дојдам во Република Словенија посетував курс по словенечки јазик цела година и го совладав јазикот, така што немам проблеми со јазикот. Училиштето за словенечки јазик ми го препорача агенцијата.
Зошто би ја препорачале компанијата 2TM?
Поради ажурноста, точните информации и помошта за било што во било кое време.
Најчести прашања
Дали е потребно да се полага приемен испит?
Дали е потребно да се полага приемен испит?
Нема приемни испити, освен на некои одредени насоки: уметничка академија, архитектура, факултетот за спорт и забна протетика.
На коj jазик се одвиваат студиите?
На коj jазик се одвиваат студиите?
Предавањата главно се на словенечки јазик. Сертификат за познавање на словенечкиот јазик на ниво В2 е потребен при запишување на факултетите: медицина, фармација, психологија, новинарство, режија, филм и театар.
Има и студии на англиски јазик, но само на одредени студиски програми, обратете се кај нас за повеќе информации.
Дали студирањето е навистина бесплатно?
Дали студирањето е навистина бесплатно?
Бесплатно е врз основа на потпишаните билатерални договори на Словенија со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
Тоа важи за вишите школи, додипломските и магистерските студии, докторските студии се наплаќаат.
Студиите се бесплатни на државните редовни студиски програми.
Исто така студиите се бесплатни за државјаните на Европската Унија.