Доколку сакате да го подобрите вашето знаење од одредена област, тогаш постдипломски студии се вистинскиот избор за вас. Покрај тоа, постдипломски студии ги подобруваат вашите можности за кариера и развој.

Како иден постдипломски студент очекувате интензивно учење со примена на стекнатото знаење во пракса. Но, што всушност се постдипломски студии и каков ефект можат да имаат врз развојот на вашата кариера? Во редовите подолу, сумиравме сè што мислиме дека треба да знаете, па ајде да одиме по ред!

Што се постдипломски студии?

Магистратура е академска квалификација која се доделува на ниво на постдипломски студии на поединци кои успешно ги завршиле своите студии. Студентите кои дипломираат на постдипломски студии ттреба да имаат напредно познавање на теоретски и применети теми, високо ниво на вештини и техники поврзани со нивниот избран предмет.

Кои се сите видови постдипломски студии?

Постојат различни постдипломски програми во сите области, се зависи од областа на вашите додипломски студии.

Најчестите типови на постдипломски студии се Master of Arts (MA) и Master of Science (MSc). Најголемата и најочигледна разлика помеѓу овие две титули е типот на дисциплина во која се нуди секоја квалификација. Како што сугерира името, MA обично се доделува во уметноста или хуманистичките науки. Од друга страна, можете да добиете MSc по наука, технологија, инженерство и математика.

Освен по видот на дисциплината, постдипломски програми може да се разликуваат и по нивното времетраење, од една до две години, како и по модалитетот на наставата: има дури и постдипломски програми кои се организираат онлајн, но изборот е помал.

Како да се запишете на постдипломски студии?

За секоја постдипломска програма јасно се дефинирани условите под кои е можно да се аплицира.

Општо:

Услов за запишување на постдипломски студии е завршување на прв степен со најмалку 180 ЕТЦС

Приемни испити нема, освен на уметнички академии и на факултет за спорт.

Во случај на повеќе пријави од слободни места, кандидатите се рангираат врз основа на просечна оценка на додипломските студии.

На некои програми, постојаат дополнителни специфични барања кои се поврзани со областа или програмата што сте ја избрале.

Роковите за пријавување за секоја академска година започнуваат во март.

Зошто понатамошното образование е важно по додипломските студии?

На денешниот пазар на труд барате потесна специјализација во одредени области, а фокусираното знаење што го обезбедуваат постдипломски студии ви дава таква предност. Дополнително, само магистрирањето може да ви помогне да напредувате побрзо на работа, градејќи ја вашата кариера од почеток до менаџерски и лидерски позиции. Важно е да се напомене дека во просек вработените со магистерски студии заработуваат повеќе од оние кои немаат.

Денес, постојаното, доживотно учење и развој на вештини се исклучително важни за успешна кариера. На постдипломски студии, ќе се стекнете со подготовка и ќе научите како да ги следите релевантните области на долг рок и да ги развивате вашите компетенции.

Конечно, на постдипломски студиите, можете да запознаете луѓе кои веќе имаат успешна кариера, и имаат подобри односи со професори кои се експерти во нивните области и кои можат да ви помогнат да најдете работа (networking).

Дали е можно да се смени насоката по основните студии?

Да – до одреден степен. Не морате исклучиво да посетувате постдипломски студии од областа што ви била предмет на додипломски студии, но не можете да се запишете на било кои постдипломски студии; тие мора да бидат поврзани области.Универзитетите во Словенија ви нудат голем број на постдипломски програми за кои се уште не е доцна да се пријавите. Контактирајте не денес и дознајте што ви е потребно за да ја продолжите вашата академска кариера во Словенија. Доколку одлуката за избор на програма сè уште не е донесена, можеме да ви помогнеме при изборот! Пишете ни денес и ајде да го продолжиме вашето академско патување заедно! Успехот со 2TM е загарантиран!

© 2TM d.o.o.

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање