Студиските програми во Словенија се реализираат на 6 универзитети, 40 самостојни восокообразовни установи и 49 виши школи според Болоњскиот систем, а секојa студискa програмa е акредитиранa од Министерството за високо образование, наука и технологија..

Доколку зборуваме во подробности за предностите за упис и за понатамошно школување во Словенија, можеме да ви наброиме цел список.

Првата од многуте олеснителни околности која го прави студентскиот живот поубав и полесен се целосно бесплатните студии на сите државни факултети и високи школи во Словенија.  Ова важи и за сите граѓани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и за граѓаните на ЕУ.

При запишувањето на високообразовните установи во Словенија, во најголемиот број на случаи не се полагаат приемни испити, (освен на одредени факултети), ниту пак се бара сертификат за познавање на јазикот.

По запишувањето на еден од факултетите, студентите врз основа на студиите добиваат дозвола за престој, која ќе им овозможи подобра мобилност во шенгенската зона.  Љубљана како главен и најголем град во Словенија е добро поврзана со сите европски дестинации и претставува одлична појдовна точка за некоја идна студентска авантура.

Дипломата придобиена во Словенија е признаена во ЕУ и во скоро сите останати држави во светот. Студентите од бивша Југославија кои ќе ги завршат студиите во Словенија ќе имаат повеќе шанси за идеално вработување во своите земји, но и подобар пласман на светскиот пазар на тудот доколку се одлучат да продолжат понатаму.

За разлика од повеќето земји во ЕУ, студентите во Словенија можат да работат легално преку агенцијата Студентски сервис. Заработените пари можат без проблем да ги покријат сите трошоци на студентскиот живот. За многу студенти ова ќе биде и првото работно искуство во ЕУ.

Словенија како силна социјална држава ја субвенционира исхраната на своите студенти. Ова значи дека за цена од само неколку евра студентите може да јадат во некои од најдобрите ресторани или доколу немаат време, да јадат во некои од бројните ланци за брза храна.

На сите студенти им се достапни и меѓународните програми за размена на студенти. Најпозната програма е Erasmus+.

За студентите од бивша Југославија културната и јазичната бариера е минимална.  Словенечкиот јазик е многу сличен и брзо се учи. Но, заради желбата за интернационализација на своите високообразовни институции се повеќе студиски програми на словенечките факултети се достапни и на англиски јазик.

Компанијата 2TM им нуди на странските студенти кои се запишале на високообразовните институции во Словенија да посетуваат јазични курсеви. Со нивна помош ќе го совладате словенечкиот јазик на ниво што ќе ви овозможи целосно да го разберете наставниот материјал, да комуницирате со колегите и професорите и да се чувствувате удобно на факултет и во секојдневниот живот.

Покрај прашањата поврзани со уписите, се појавува уште едно многу важно прашање поврзано со секојдневниот живот – каде ќе живеете?

Заинтересирајте се и за кариера за време на студиите: каде да почнете, што да работите за време на студиите или што ќе работите по завршувањето за факултетот.

Клиентите на 2ТМ велат дека се исклучително задоволни со квалитетот на студиските програми, но и од начинот на живот во Словенија.

Секоја година успешно запишуваме се повеќе странски студенти, затоа имајте и вие доверба во нас и пишете ни на: [email protected]. Истотака, можете да не пронајдете и на Facebook.

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање