Бесплатно студирање во странство често може да ни звучи како научна фантастика, бидејќи одлуката да студирате „во странство“ не паѓа само на идните студенти, туку најмногу на вас – нивните родители. Каде ќе живеат; со кого ќе се дружат; како ќе се хранат; како ќе се снајде? Ова се прашања кои многу повеќе ги засегаат грижливите мајки и татковци отколку идните бруцоши кои сакаат да го продолжат своето образование подалеку од домот на нивните родители.

На картата на потенцијални дестинации за студирање се издвојува една земја која нуди релативно едноставни одговори на горенаведените прашања, а тоа е Словенија. Блиску е, цените на студентските станови се достапни, културно е многу слична, јазичната бариера речиси и да не постои, а она што е најдобро од сè – студирањето е потполно бесплатно!

Покрај тоа, студирањето во Словенија нуди многу повеќе придобивки за студентите од регионот. Ајде да одиме по ред.

Високо образование во Словенија

Високото образование во Словенија е признато во целиот свет, а студиите се одвиваат според Болоњскиот систем. Постојат два вида на виши установи: стручна виша школа каде образованието трае две години и факултети со основни студии кои траат 3 години. Стручните виши школи се нешто слично на нашите виши школи, а нивниот план и програма е насочена кон развивање на практични вештини за студентите што поскоро да се подготват за работа. Факултетите обезбедуваат пошироко теоретско образование, а по дипломирањето студентите можат да го продолжат образованието на магистерски и докторски студии.

Избор на факултет

Во Словенија има вкупно 6 универзитети: во Љубљана, Марибор, Нова Горица, Копер, Нови Место и Универзитетот Нова, кои нудат над 1.500 студиски програми на додипломски, магистерски и докторски нивоа. Универзитетски центар е Љубљана, иако и другите градови не заостануваат по квалитетот на студиите. Одлично е што вашето дете може да аплицира за најмногу 3 различни програми на различни универзитети кога аплицира, а особено е примамливо тоа што нема приемни испити во Словенија.

Студентски живот

Како што веќе рековме, јазичните и културните бариери речиси и да не постојат. Словенечкиот јазик е сличен на нашиот и може да се научи доста брзо. Секако дека е пожелно да се стекне некое претходно знаење. Уште една добра работа е што во Словенија се школуваат голем број деца од сите земји од регионот. Покрај тоа, студентите од Словенија се многу пријателски расположени и подготвени да ги прифатат своите колеги од странство.

Трошоци за студентски живот

Пресметката покажува дека на просечен студент без сместување му требаат од 400 до 600 евра месечно. Голема е веројатноста дека ќе треба да преземете дел од трошоците на месечно ниво, но не и поголемиот дел. Како? Прво, секој студент во Словенија, без разлика од која земја доаѓа, има право на целосно легална студентска работа. Преку „Студентскиот сервис“ вашиот бруцош може да најде работа, дури и во струката, и да заработува од 350 до 500 евра месечно. Покрај тоа, студентите во Словенија имаат субвенционирана храна и превоз. Со помош на „студентски бонови“ повеќето ресторани и продавници за брза храна им се достапни по доста поволни цени. Така, вашиот ученик ќе може да јаде вкусен и топол оброк секој ден за само неколку евра, исто како дома. Истото е и со превозот, каде студентите плаќаат само дел од месечниот билет – остатокот го покрива државата.

Сместување за студенти

Во Словенија сместувањето може да се најде приватно, како и во студентски домови (државни и приватни). Сите варијанти имаат свои особености, па студентот треба внимателно да ги проучува и да избере што најмногу му одговара, или што можете да си дозволите. Веќе ја разработивме оваа тема на нашиот блог, па со кликнување овде можете да дознаете повеќе детали.

Секој родител го сака само најдоброто за своето дете. Имајќи го тоа предвид, токму тоа сакаме да ви го пружиме – најдобрата услуга за советување и професионална поддршка при запишување на вашето дете на некој од факултетите во Словенија. Агенцијата 2TM ви нуди професионална поддршка од првиот момент кога вашето дете ќе почне да се подготвува и избира студиски програми, па се до упис на факултет и добивање дозвола за престој. Пишете ни на [email protected] или контактирајте не преку веб-страницата и закажете бесплатна консултација. Најважно е да знаете – успехот во процесот на запишување со наше посредство е загарантиран!

© 2TM d.o.o.

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање