студирање во словенија

Бесплатно студирање во Словенија

100% гаранција на упис

Заедно ги избираме студиските програми
Ајде да се запишеме на факултет
Следење во сите фази
Поднесуваме барање за дозвола за престој за вас
Бесплатна консултација
Предности на образование
во Словенија
Бесплатни студии за студенти од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ cтудирајте опуштено, без грижи за плаќање на школарина.
Без приемни испити. Конкурирајте врз основа на просекот.
Меѓународно признаена диплома. Стекнете меѓународно признаена диплома.
Можност за работа за време на студиите. Заработете сами за своите животни трошоци и стекнетете го своето прво работно искуство во ЕУ.
Субвенија за исхрана, јавен превоз и друго. Платете помалку за животните трошоци отколку во другите земји.
Фази на работа со нас
1
Ние ќе ви помогнеме да ги најдете програмите што најмногу ви одговараат
со повеќе од 1500 опции на државните и приватните универзитети. Ние ќе ви обезбедиме помош при изборот на факултетот
2
Ќе ги оцениме вашите шанси за прием
на програмите кои ве интересираат. Ќе ги доставиме документите навреме до факултетите
3
Ќе ги оцениме вашите шанси за прием
на програми кои ве интересираат. Документите навреме ќе ги доставиме до факултетите. Ќе провериме дали пакетот документи е во согласност со барањата на образовната институција. Ќе ве пријавиме и ќе го следиме вашиот статус
4
Ќе ве подготвиме за да го научите словенечкиот јазик
Словенечкиот јазик ќе го научите на нашите подготвителни јазични курсеви. Познавањето на јазикот ќе ви го олесни прилагодувањето и животот
5
Ќе ги решиме административните прашања и ќе ве запишеме на факултет
Љубљана не е само главен град на Словенија, туку и главен образовен центар. Нашата канцеларија се наоѓа токму тука и директно комуницираме со универзитетите до вашето запишување. Не треба претходно да доаѓате во Словенија
6
Ние ќе ви помогнеме да добиете дозвола за престој
Со вас доставуваме документација за добивање дозвола за престој, даночен број, осигурување и се грижиме за комуникацијата со управните органи додека не добиете дозвола за престој. Со 2TM сигурно ќе го направите тоа! Државјанството на апликантот не е важно
Наши услуги
Упис на додипломски студии
Пријавете се за консултации
Упис на магистерски студии
Пријавете се за консултации
Упис во средно училиште
Пријавете се за консултации
Впечатоци од нашите ученици:
Studiranje u Evropi https://study.2tm.eu/content/webpc-passthru.php?src=https://study.2tm.eu/content/uploads/sites/4/2022/12/education-default-sr.png&nocache=1 600-2500 € +38659043716 Slovenija Оценка: 4.7

врз основа на

6 прегледи
Богдан Димитријевиќ
5
Сите потребни информации за студирање во Словенија можете да ги добиете преку 2ТМ. Тие се навистина детални и точни. Оваа фирма им ја препорачувам на сите кои сакаат да студираат во Словенија.
Душан Сенковиќ
5
Јас дипломирав на медицинскиот факултет при универзитетот во Нови Сад (Србија) на смерот „Медицинска рехабилитација“ и решив да го продолжам образованието во Словенија, каде што се запишав на магистерската програма „Кинезиологија“ на Универзитетит на Приморска во Копер. Работите се одвиваат супер, јас сум многу задоволен од факултетот и од односот на професорите кон мене. Мене посебно ми се допаѓа што професорите се отворени за комуникација, и во рамките на образовниот процес ни даваат можност да учествуваме во истражувања, кои што нас не интересираат. За работата на 2ТМ дознав од интернет. Тие ми ги обезбедија потребните информации за образовниот процес во Република Словенија и многу ми помогнаа при поднесувањето на документите. Тие се детални и имаат одговор на секое ваше прашање.
Елена Старчевиќ
5
Претставниците од фирмата 2ТМ од Љубљана го посетија моето средно училиште во Добој (Босна и Херцеговина) и ги презентираа предностите на студирањето во Република Словенија за странските студенти. Тие ни раскажаа со што се занимаваат и какви услуги нудат. Мене најмногу ме привлече тоа што словенечките дипломи се признаени во целиот свет. И секако беше убаво да се слушне дека студирањето за нас е бесплатно. На секој странски студент, кој што ќе реши да се стекне со образование во Република Словенија, му советувам да соработува со копмпанијата 2ТМ од многу проста причина, благодарејќи на нивната помош, јас и моето семејство не требаше да патуваме постојано до Љубљана и назад. Специјалистите од 2ТМ ми ги обезбедија сите потребни информации и ми кажаа кои документи ќе треба да ги подготвам. Немаше потреба јас и моите родители да се занимаваме со дополнителни информации за целиот процес на запишување. Се беше едноставно, скенираните документи ги испратив по електронска пошта. За нас, странските студенти ова е одличен начин. Доколку се запишував сама, сигурна сум дека ќе морав да патувам неколку пати до Љубљана и назад. Сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на тимот на 2ТМ за се што направија за мене за тие шест месеци на взаемна соработка.
Изабела Гојниќ




5

Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?

Се одлучив да студирам во Република Словенија поради одличниот образовен систем, којшто е далеку пред балканскиот систем.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?

Што се однесува до искуството, јас сеуште не можам да кажам нешто, со оглед на тоа што поминаа само три месеци откако сум тука, но во главно сум задоволна, има многу за пишување и учење што и требаше да се очекува.

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со кои јазични проблеми се среќавате за време на студиите?

Студирам на словенечки јазик, а што се однесува до проблемите ги има многу, бидејќи како човек, којшто сега го учи словенечкиот јазик и се труди, секој ден наидувам на препреки за време на предавањето во смисла дека не секогаш разбирам апсолутно се од предавањата.

Зошто би ја препорачале агенцијата 2ТМ?

Агенцијата 2ТМ би ја препорачала, бидејќи навистина помагаат во текот на целиот процес на запишување и многу работи, коишто сами би морале да ги правите, притоа не знаете како да го направите тоа (управата од мојата земја многу често даваат и многу погрешни информации), ефикасни се, доста се брзи и спретни да одговорат на секој ваш имејл и на секое ваше прашање.

Милена Младенович




5

Зошто се одлучивте за студирање во Република Словенија?

Неколку години по ред планирав да се запишам на мастер студии надвор од границите на Република Србија од повеќе причини, но поради работата со која што се занимавав и која бараше доста време не успеав да се посветам на процесот за избор и за упис на програмите коишто ме интересираа.

Сестра ми ме информираше за компанијата 2ТМ и нивните активности. По запознавањето со нивната работа и репутација сфатив дека се вистинското решение на мојот проблем. Значи добрата репутација на образовниот систем и можност за упис со посредник беа пресудни за мојата одлука да се запишам на мастер студии во Република Словенија.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?

По првиот семестар на студии во Република Словенија можам да кажам дека програмската содржина и организацијата на факултетот ги надминаа моите очекувања. Покрај тоа Република Словенија навистина се грижи за своите студенти и навистина вложува во образовниот систем што се гледа од најразличните субвенции коишто им се одобрени на студентите (една од главните е субвенцијата за прехрана).

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со кои јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?

Студиите се на словенечки јазик (предавањата и вежбите). На странските студенти им е овозможено да го слушаат воведното предавање од секој предмет и консултациите на англиски јазик. Тоа што е интересно е тоа што на професорите не им е толку важно на кој јазик ќе комуницирате со нив се додека го покажувате нивото на знаење коешто е за нив прифатливо и посакувано. Голем број на професори им излегуваат во пресрет на студентите од земјите од поранешна Југославија дозволувајќи им на почетокот комуникацијата да ја остварат и на некој од јазиците од тие земји. Слушањето на предавањата на словенечки јазик во првиот месец може да биде малку напорно. Во првите месеци од страна на факултетот имате организирано курсеви за изучување на почетен степен на словенечки јазик, што ви овозможува полесно да се прилагодите на ова говорно подрачје. Со текот на времето станува се полесно да се разбира и да се користи јазикот. Една од придобивките од студиите во Република Словенија е можноста да се совлада словенечкиот јазик.

Зошто би ја препорачале компанијата 2TM?

Моето искуство во соработката со компанијата 2TM е многу позитивно. Благодарение на нивното искуство и професионалната одговорност јас успеав да се запишам на програмата којашто ми беше прва желба. Ми ги обезбедија сите услови за запишување и престој во Република Словенија. Сигурна сум дека ако не се одлучив да соработувам со нив денес немаше да бидам запишана на мастер студии во Република Словенија.

Наталија Воларев
5
Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?

За студирањето во Република Словенија се заинтересирав за време на моето образование во 2018 година, кога во Белград завршив четврта година гимназија, филолошка насока. Некако баш во октомври минатата година го посетив саемот за образование во мојот град и ги посетив просториите на компанијата 2 TM од.

Тука се распрашав детално за студирањето, добив конкретни одговори и тогаш веќе знаев дека сум заинтересирана за студирање на туризам. При изборот на студиската програма ми помогнаа моите родители, советувајќи ме дека Република Словенија е една од поранешните републики на нашата држава и дека најверојатно е многу полесно да се снајдам во Словенија отколку некаде во Европа. При сето тоа дипломата и условите за студирање се скоро исти како и европските. Република Србија сеуште не е дел од Европската Унија, а Република Словенија е полноправна членка и со самото тоа дипломата со која што ќе се стекнам е валидна во целиот свет.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?

Со студирање во Република Словенија започнав на 01-ви ноември 2019 година како редовна студентка на Факултетот за туризам во Порторож. Многу сум задоволна од квалитетот на образовниот систем, којшто нуди широк спектар на можности за напредок.
Предавањата овозможуваат да слушаме и да присуствуваме на предавањата на други професори, коишто доаѓаат од други земји и на многу интересен начин ни ги презентираат темите поврзани со туризмот.

Една од поинтересните работи се семинарските и теренските вежби, коишто ги имаме по групите. Групите се помали и ни овозможуваат да работиме во тим и да ја развиваме тимската работа.
Професорите на факултетот имаат доста разбирање за нас, странските студенти, многу се среќни кога ќе видат дека се трудиме и дека го совладуваме материјалот.

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со какви јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?

Конкретно на мојата насока Туризам може да се студира само на словенечки јазик.

Знаејќи ја оваа работа, во текот на летото 2019 година посетував курс по словенечки јазик во училиштето за странски јазици Инфинитив во Белград и ги совладав основите на јазикот за почеток на студиите.

Покрај тоа морам да истакнам дека на првиот семестар од студирањето на странските студенти им е овозможено изучување на словенечкиот јазик на ниво А2, кое што не е задолжително но од моето искуство покрај основите, коишто ги научив во Белград, за време на овие часови на факултет научив многу нови зборови, коишто ми помагаат да го совладам материјалот. На сите би им го препорачала иако не е задолжително посетувањето на овој курс за изучување на словенечки јазик во првиот семестар наменет за странските студенти, коишто се почетници.

Зошто би ја препорачале агенцијата 2TM?

Агенцијата 2 TM и прекрасната Катја би им ги препорачала на сите, коишто сакаат да се запишат на студии во Република Словенија бидејќи тие на сите мои прашања имаа одговор. Многу се одговорни и професионални и се што е потребно прават наместо вас. Брзо и лесно се договоривме и влеговме во самата процедура за пријавување а подоцна и за запишување на факултет. Јас одбрав пакет, којшто овозможуваше по моето пристигнување во Порторож да ми помогнат да ги предадам документите за дозвола за престој. Тие навистина заслужуваат само пофалби!
Најчесто поставувани прашања
Дали е навистина бесплатно студирањето во Словенија?
Да, за студентите од Македонија, Србија, Црна Гора и од БиХ, додипломските и магистерските студии се бесплатни врз основа на билатералните договори меѓу Словенија и овие земји. Истото важи и за студентите од ЕУ. Докторските студии се плаќаат.
Дали се меѓународно признаени словенечките дипломи?
Сите образовни институции во Словенија имаат акредитација која е признаена во најголемиот број на земји во светот. Студиските програми во Словенија се реализираат на 6 универзитети, 38 самостојни високообразовни установи и 36 виши школи според Болоњскиот систем.
Дали има приемни испити за упис?
Не, за најголемиот број на студиски програми нема приемни испити. Исклучок се само уметничката академија, архитектура, факултетот за спорт и забна протетика.
Дали студентите имаат право на студентска работа?
Да, сите студенти имаат право да работат студентска работа. Минималната цена на саат во моментов изнесува 7,21 евра бруто.
Какви придобивки овозможува студирањето во Република Словенија?
Субвениции за исхрана.
Легално право на вработување.
Субвенции за градски превоз, влезници за музеи, фитнес и слично.
Неограничени патувања внатре во Шенген зоната.
Можност за Erasmus+.

Пријавете се за
бесплатна консултација

Пополнете го формуларот. Нашите менаџери ќе ве контактираат наскоро

    Бесплатна консултација