Биоинформатика
Биоинформатиката е интердисциплинарна наука која ги комбинира знаењата за биологија, биохемија, генетика, како и математика, статистика и информатика. Биоинформатиката се занимава со развој, методи и процедури за собирање биолошки податоци, чија анализа се базира на секвенци на нуклеотиди и протеини. Целта на програмата е да се обучат експерти кои решаваат сложени проблеми на биолошките податоци, кои го разбираат животниот процес на ниво на клетки и микроорганизми. Студиската програма се состои од природни науки (биологија, генетика, хемија, физика), и е дополнета со предмети од областа на математиката (статистика) и компјутерските науки (програмирање, алгоритми, оперативни системи).
Дипломирани студенти работат во медицински институции и фармацевтски компании, како и прехранбената индустрија. Знаењето стекнато во областа на информатиката и математиката исто така им овозможува да работат во област каде што е потребно познавање на статистиката (осигурителни компании, банки, фондови).