Анализираме колку чини животот на еден странски студент во Словенија месечно, земајќи ги предвид трошоците за стан, храна, превоз, одмор и разонода.

Изнајмување стан

Становите во Словенија се нешто поскапи од становите во Македонија. Трошоците за изнамјување на станот не зависат само од условите за живот, туку и од конкретниот град. Повисоки се цените во Љубљана и во приморските градови. Во другите градови кириите се доста пониски. Во Марибор, каде што се наоѓа вториот универзитет по големина во Словенија, може да се изнајми стан за 250-300 евра месечно. Во Љубљана таа сума е доволна за изнамјување соба во стан.  

Студентите во Словенија имаат можност да ги намалат трошоците за стан. Голем плус на оваа земја е што растојанието меѓу градовите не е големо. Тоа значи дека некој што студира во главниот град може да си изнајми евтин стан во помалиот соседен град. Таквата варијанта ќе му обезбеди значителна заштеда, а патот до Љубљана ќе му одзема 30-40 минути. Одлична опција е и заедничко изнајмување на стан со студенти Словенци: покрај тоа што е поевтино, тоа ќе помогне и за брзо совладување на јазикот, како и за адаптација на странскиот студент во новата земја.

Многу студенти како варијанта ги земаат предвид и студентските домови. Цените во нив варираат од 150 до 200 евра. Сепак, за домовите постои листа на чекање и странскиот студент тешко успева да добие место во нив.

Исхрана

За исхрана на едно лице потребни се уште 200-300 евра месечно. При изборот на продукти, Словенците им даваат предност на локалните производители зашто во нив имаат доверба. Цените се прифатливи: на пр.  килограм пилешко чини 4 евра, килограм говедско месо – 9 евра. При тоа, квалитетот на производите е одличен.   

За студентите, вклучително и за странците, предвидени се субвенции за исхрана – бонови. Тие може да се користат како во студентските мензи, така и во градските кафулиња и ресторани. Со нарачување на кое било јадење од менито, студентот плаќа 4,02 евра помалку и при тоа покрај основното јадење може да добие и додаток – супа, салата, чај. Овој систем не само што им штеди пари на студентите, туку им овозможува и квалитетно да се хранат во најразлични угостителски објекти.  

Многу студенти кога се селеа во Љубљана зборуваа дека ќе готват дома, но се покажа дека е дури и поевтино да се хранат по рестораните и мензите, отколку да готват дома“ – нагласува извршниот директор на компанијата 2ТМ Александар Полјаков.

Одмор и патувања

Странските студенти во Словенија добиваат дозвола за привремен престој и може слободно да се движат по целата територија на Европската Унија. Овие млади луѓе имаат извонредна можност да отпатуваат на викенд во соседна Хрватска, Австрија, Унгарија, Италија. Со автомобил од Љубљана до Загреб, може да се стигне за час и пол, до Виена – за четири часа, до Венеција – за два и пол часа. Што се однесува до финансиската страна на ова прашање, реално, може да се отпатува за вкупно 30 евра во двата правца. При тоа, студентите стекнуваат храброст и искуство во комуникацијата со луѓето од другите земји.

Но, пред да се оди надвор од Словенија, треба да се посетат и знаменитостите во Словенија, а такви има доста. При тоа, многу брзо се стигнува до секое место. Од Љубљана до брегот на Јадранското Море има час и пол со автомобил; на околу четириесет минути се наоѓа Постојнската Јама, езерата Бохињ и Блед. Има и пооддалечени места, кои исто така вреди да се посетат.  

Во Словенија лесно е достапен спортскиот одмор. Во земјата има многу спортски клубови, вклучувајќи ги и оние за екстремни видови спорт (кајак, рафтинг и др.). Исто така, редовно се организираат и разни фестивали, концерти, изложби и други креативни манифестации. Оној што навикнал на активен одмор, лесно ќе најде активност која ќе му одговара. Студентите за поголемиот број од забавно-рекреативните манифестации имаат попуст.

Генерално гледано, основните ставки на расходите (вклучувајќи ги и нивните варијации), со кои се среќаваат студентите во Словенија, изгледаат вака:  

Месечни трошоци (во евра)ЉубљанаДругите градови
Соба во студентски дом150-200150-180
Соба во приватен дом200-250200
Изнајмување соба во стан300200-250
Изнајмување гарсониера450-500300-350
Исхрана200-300200-300
Студентска картичка за превоз2020
Интернет, кино, разонода5050
Пат за викенд во Италија или Австрија (превоз во двата правца)3030

Според ова, на студентите за живот во Словенија просечно им се потребни 500 евра месечно. При тоа, зависи од карактерот на студентот. Благодарение на дополнителната работа (секој странски студент добива дозвола за привремен престој со работна дозвола), може да заработи дел од таа сума. Може да штеди и да заштеди за патувања. Важно е што живеејќи во друга земја, младите луѓе учат не само како да ги трошат парите, туку и како конструктивно да ги користат!

Александар Лисов

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање