Идните студенти се повеќе се интересираат за универзитетите во земјите на Европската унија. Но, покрај прашањањата поврзани со уписот, се појавува и едно многу важно прашање поврзано со секојдневниот живот – каде да се живее?

Во Словенија сместување може да се најде како во приватните станови така и во домовите (државни и приватни). Сите варијанти имааат свои специфичности, затоа студентот треба внимателно да ги проучи и да избере тоа што најмногу му одговара.

Изнајмување на приватен стан

Изнајмување на приватен стан или на соба е честа појава. Становите на подогло време често ги изнајмува група од 3 – 4 студенти кои меѓусебно се познаваат и ги делат трошоците на еднакви делови. Секако, може да се изнајми и стан, но важно е да се знае дека изнајмувањето на стан во Словенија, иако цените варират, воопшто не е евтино. Изнајмувањето на стан за студентите е една од главните  ставки за трошоци. Цените се највисоки во главниот град Љубљана и во приморскиот дел Копер, Изола. Во соседните градови, цените се прифатливи.

Голема предност во Словенија е тоа што растојанието меѓу градовите не е големо. Можете да живеете во мал град, а да патувате со автобус до престолнината 30 – 40 минути, а со автомобил дури и пократко.

Photo: Designed by 2TM d.o.o.

Дом: Комфор по достапна цена

Достоинствена алтернатива на приватните станови се студентски  домови, каде што цените се пониски. Живеејќи во дом, студентот покрај блискиот контакт со колегите добива и комплексно решение на прашања поврзани на секојдневниот живот.

Студентот е должен да ги почитува строгите правила, кои доколку ги игнорира ќе добие казна, па дури и исфрлување од домот. Тука спаѓаат чистењето на собата, чистењето на заедничките простории по нивната употреба, разврстување на ѓубрето и негово изнесување.

Словенечките домови имаат се што ви треба. Во основните секојдневни удобности спаѓаат фрижидер, машина за перење на облека, кујна со садови, интернет, паркинг за велосипеди. По правило, во непосредна близина на домот има мензи или ресторани во кои студентот може квалитетно да се најаде, користејќи бонови 

Студенските домови во Словенија можат да бидат државни или приватни.

Photo: Designed by 2TM d.o.o.

Државни домови

Државни домови постојат во сите универзитетски градови Копер, Нова Горица, Крањ, Љубљана и се наоѓаат во близина на факултетите.

Истовремено, поради недоволниот број  на места, студентите од странство не можат да добијат соба во државниот дом во Љубљана. бројот на пријави за место во дом во Љубљана е поголем од вкупниот број на места. Затоа, доколку изберете да студирате во престолнината, разумно е веднаш да барате стан или приватен дом.

Photo: Designed by 2TM d.o.o.

Приватни домови

Приватни домови има во поголемите градови во Љубљана, Копер, Марибор. Приближни цени за месечна кирија (вклучувајќи ги и комуналиите) се:

  • 2 креветна соба со купатило и кујна на спратот: 110-200ЕУ за лице
  • 1 креветна соба со купатило и кујна на спратот: 200-250ЕУ за лице.

Треба да се има во предвид дека скоро секаде земаат депозит во висина на една или две месечни кирии.

Мораме да напомеме дека за да се избегнат можните нејаснотии, пред вселувањето треба да се провери дали постојат сите неопходни услови. За користењето на некои услуги на пример перење на облеката или безжичен интернет, може да бараат дополнително плаќање.

Photo: Designed by 2TM d.o.o.

Како да се одлучите?

Наједноставната и најбезбедната варијанта за избирање на станот е да им го препуштите овој процес на професионалци. Стручните лица во фирмата 2ТМ се спремни да соработуваат со идните студенти поврзано со сите прашања кои се однесуваат на уписот и животот во Словенија.

Ве чекаме!

Автор: Марија Ложкина

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање