Студирањето во Европа подолго време e примамливо за студентите од земјите на бивша Југославија. Тоа и не е чудно, затоа што дипломата од било која земја од шенгенстака зона е признаена на територијата на цела Европска унија. Стекнатиот документ за високо образование во Европа, за стручните лица претставува знак за квалитет.

Зошто да се изберете мастер во Словенија?

Најоптималниот начин за стекнување на тој знак на квалитет, е секако добивање на насловот мастер на еден од словенечките универзитети. Во Словенија, трошоците за студирање се меѓу најниските во ЕУ, а на студентите им се нуди широк спектар на студиски програми од различни области. Дополнително, постои можност за студентска размена.

Во најголемиот број на случаи, уписот на мастер студии во Словенија е можен без полагање на приемни испити. Голема улога за студентите од земјите на бивша Југославија имат сличностите со јазикот и културата, а тие го прават студирањето попријатно. 

За време на студиите студентот добива дозвола за престој, која што, меѓуостанатото, му овозможува да патува во цела Европа без дополнителни визи и дозволи. Покрај тоа, студентите во Словенија имаат многубројни привилегии и попусти, благодарејќи на кои можат да го направат својот престој во странство особено ефтин.

Првите рокови за пријавување за магистерски студии во Словенија се отворени од март наваму секоја година.

Колку ќе чини студирањето и животот во Словенија?

Словенија е единствената земја во ЕУ во која студентите од државите на бивша Југославија не плаќаат школарина. Студиите без партиципација, се овозможени на основа на билатералниот договор кои го потпишале владата на Република Словенија и владите на другите држави.

Изборот на станови е голем, а цените и условите се различни, така што секој може да  најде оптимална варијанта за себе. Главно, студирањето на мастер програмите во Словенија е многу поволно. Државата им дава на студентите многубројни попусти и привилегии: за превоз, храна, посетување на различни забавни и спортски содржини.

Во Словенија се создадени сите услови за активен и здрав начин на живот. Покрај тоа, студентите во Словенија имаат можност и да работат. Тоа им помага да го дополнат својот буџет и да стекнат многубројни корисни професионални контакти, кои ќе им дојдат многу добро во блиска иднина.

Како да се запишете на мастер студии во Словенија?

За упис на мастер студии во Словенија, студентот мора да ја помине процедурата за нострификација на предходно здобиената диплома и да ги поднесе потребните документи на избраниот факултет. Како плус се смета тоа што во почентата фаза може да се поднесе некомплетен пакет на документи. Тоа значи дека имате можност во мир да ги полагате завршните испити дома и паралелно да се пријавувате на мастер студии во Словенија. Дипломата ќе ја доставите откако ќе ја добиете.

Без оглед на тоа што во Словенија може да станете студент и без приемен испит, тоа сепак не значи дека е едноставно да се запишете. Многу идни студенти се потпираат сами на себе, односно не бараат помош од професионалци и многу често доаѓаат во непријатна ситуација, односно нивниот упис е загрозен. Странските студенти имаат право да се пријават на неколку смерови. Притоа важно е правилно да се исполни пријавата и да се избере програмата која ви гарантира упис. Во целиот процес има многу детали кои треба да се предвидат: документите на време треба да се предадат, бидејќи секој универзитет има свои уписни рокови. По уписот, важно е да се добие дозвола за престој, да се најде сместување и да се подготвите за селидбата. Заради тоа уписот, кој на прв поглед се чини едноставен, всушност е тежок процес, кој бара внимание на ситни детали. 

И… што да се направи?

Има решение: искористете ја помошта од тие кои добро го знаат системот на студирање во странство. На тој начин ќе можете да се сконцентрирате на најважното, а тоа е да добиете квалитетно образование, со тоа што ќе ги доверите сите поважни детали на професионалци.

Стручните лица за образование во 2ТМ имаат големо искуство со студенти од различни земји и добро изградени односи со словенечките универзитети. Тие ќе ви дадат исцрпни информации за студентските програми и животот во Словенија, ќе ви помогнат да ги подготвите документите за упис и ќе бидат со вас за време на добивањето на дозволата за престој. Вработените во 2ТМ ќе му помогнат на студентот во решавањето на сите проблеми поврзани со студирањето и животот во Словенија. Не се препуштајте на судбината – подобро е да доверите се на луѓе кои точно знаат како да го остварат вашиот сон. 

Автор: Светлана Адинјајева

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање